
Мбапе: Бесни сме, ако продолжението е пет минути, тогаш мора да се игра пет минути!
Шпанија водеше и со 5-1, но Франција со три гола се врати комплетно во игра и имаше уште некоја минута за да израмни, но тоа не се случи.
Судиите покажаа пет минути продолженија, во нив падна гол на Франција, но и Шпанците задржуваа време со повреди.
По нешто повеќе од пет минути судијата свирна крај, а Мбапе смета дека прекините во продолжението не беа соодветно надополнети.
„Не се сложив со судијата околу вистинското време за игра, но ако го кажам тоа, ќе помислат дека сум огорчен. Ако надополнувањето е пет минути, тогаш мора да се игра пет минути“, вели Мбапе.
„Би рекол дека игравме добро. Имавме некои акции какви што долго време сме немале. Имавме пад од десет минути во првото полувреме и тие дадоа два гола, истото се случи и во второто полувреме. Не бевме доследни во сите 90 минути, но има напредок. Бесни сме, тоа е сигурно. Фрустрирани сме“.
Фото: EPA