Маркоски се врати во Работнички - ќе биде предводник на екипата од Дебар Маало!

Поранешниот македонски шампион Работнички денеска го промовира Бојан Маркоски како нов стратег на скопската екипа.

Маркоски доаѓа на кормилото на Работнички и ќе го замени Горан Станиќ, а го очекува тешка задача затоа што со „романтичарите“ ќе настапи и во квалификациите за Конференциската лига.

Македонскиот тренер претходно работеше како асистент во Етникос Ахна и АЕЛ Лимасол, додека како фудбалер настапуваше за Вардар, Аполон Лимасол, Работнички, Етникос Ахна и други екипи.

Тимот од Дебар Маало ја заврши сезоната на третата позиција во Првата лига со 56 бодови, додека пред неа беа Силекс со 67 и Шкендија со 70 поени.

Фото: Фејсбук/ФК Работнички