Тебас испрати остра порака до Лапорта: Правилата се јасни!
Каталонскиот гигант не можеше да регистрира дел од своите фудбалери поради финансиските проблеми, па претседателот на Барселона, Жоан Лапорта бараше правда по судови и направи хаос.
„Тие ги знаат правилата. Тие се јасни и се надевам дека нема да чекаат до последен момент како минатата сезона“, кажа Тебас.
Барселона има одлична сезона зад себе во која го освои пехарот во Ла Лига.