Синот на Трамп го спореди Ѓоковиќ со терористот кој уби 16 лица во Австралија (ФОТО)
Синот на актуелниот претседател на САД ја коментираше објавата на социјалната мрежа Твитер, во која корисник сподели фотографии од еден од напаѓачите и од српскиот тенисер, со ироничен опис: „На едниот од нив му беше забранет влез во Австралија“. Со оваа објава се алудираше на случајот од 2022 година, кога на Србинот му беше забранет влез во Австралија поради тоа што не беше вакциниран против коронавирус, иако претходно доби медицинско изземање. Во исто време, еден од напаѓачите, иако не бил австралиски државјанин, престојувал во земјата без пречки.
„Извонреден твит. Толку тажно. Толку вистинито“, напиша Доналд Трамп Помладиот, споделувајќи ја објавата.
Масакрот се случи во неделата попладне по локално време, на плажата Бонди, за време на одбележувањето на еврејскиот празник Ханука. Во нападот животот го загубија вкупно 16 лица, меѓу кои и едно дете, како и еден од напаѓачите. Над 40 повредени беа пренесени во болница. Според официјалните информации, напаѓачите биле татко (50) и син (24).