Роналдо ќе стане акционер во Ал Наср
Меѓу неговите планови е можноста да стане акционер во клубот за кој игра и тоа со голем процент. Како што објави каталонскиот весник Спорт, повикувајќи се на веб-страницата 365Scores, Роналдо ќе стекне 15% од сопственоста на Ал-Наср, кој продолжува со соодветна распределба на своите акции.
Договорот ќе изнесува околу 50 милиони евра, а процентот на Роналдо би можел да се зголеми ако продолжи да живее во Саудиска Арабија по истекот на договорот. Роналдо во февруари ќе наполни 41 година, но се уште не кажал кога планира да се пензионира. Тоа сигурно нема да се случи во 2026.