Фарски Острови беа лесен залак: Одбојкарките ја запишаа втората победа!

Македонските одбојкарки вечерва триумфираа со убедливи 3-0 во сетови (25-11, 25-21 и 25-16) против Фарски Острови за втора победа во Сребрената лига.

Одбојкарките тргнаа моќно во натпреварот и со 25-11 ги растурија Фарски Острови за 1-0 во сетови.

Гостинската селекција се разбуди во вториот сет, каде што даде поголем отпор, меѓутоа тоа не беше доволно да ја запрат Македонија на патот кон освојување на сетот.

Македонија играше одлично и во третиот сет, каде што со 25-16 ја потврди победата против Фарски Острови.

Нашата репрезентација претходно славеше против Луксембург со 3-0 во сетови, додека во второто коло загуби од Швајцарија со 0-3.

Фото: Одбојкарска репрезентација на Македонија