Вардар веќе договори четири контроли – против ривали со солиден квалитет!

Екипите на Вардар, Работнички, Шкендија и Силекс, кои ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена ова лето, ќе ги започнат подготовките порано од останатите домашни екипи.

Ова значи дека веќе наредната недела тие ќе се вратат на тренинзите и ќе влезат во интензивен подготовителен процес. Куп-победникот Вардар веќе го утврди планот за пријателски натпревари, со вкупно четири контролни средби против меѓународни ривали. Тимот на тренерот Гоце Седлоски ќе ги одмери силите со два клуба од Словенија, како и по еден од Србија и Романија.

Во пресрет на новата сезона, Вардар веќе го обликува својот состав. Од екипата се заминати шест играчи: Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси, Филип Гачевски и Михал Пинтер. Како засилување на голманската позиција, во клубот пристигна Или Зибери, млад чувар на мрежата со 20 години, кој доаѓа од редовите на Тетекс.

Распоред на пријателските средби на Вардар:

17 јуни: Вардар – Будуќност

21 јуни: Вардар – Олимпија Љубљана

24 јуни: Вардар – Рапид Букурешт

28 јуни: Вардар – Марибор