
Пикси му се налути на новинар откако спомна политика: Не си нормален!
Стојковиќ зборуваше за очекувањата од натпреварот, а потоа еден новинар го праша селекторот на Србија дали се плаши дека ќе добие отказ ако доживее пораз поради политичка важност на натпреварот, а тоа го налути Пикси.
„Малку не си нормален што ме прашуваш такво нешто“, му одговори Пикси на новинарот.
Албанија по два одиграни меча има три освоени бодови на втората позиција, додека Србија во Тирана ќе го игра првиот дуел во квалификациите за Светското првенство (СП).
Фото: Facebook/Fudbalski savez Srbije