
Португалецот не се залета по пари: Фернандес останува на Олд Трафорд
Како што е познато, за него беше заинтересиран Ал Хилал кој му понуди тригодишен договор за 200 милиони евра, но Фернандес одлучил дека во овој момент му е поважна кариерата од парите и дека не е време за играње надвор од Европа. Последните денови неговиот агент Мигел Пињо беше во Ријад каде преговараше со Ал Хилал на чии челници им се брзаше да го реализираат трансферот за Бруно да настапи на Светското клупско првенство.
Веста дека Португалецот ја одбил понудата ја потврди и трансфер-гуруто Фабрицио Романо кој објави дека Бруно се уште сака да игра на врвно ниво во Европа.