
Белингем ѝ кажал да на Борусија - сака трансфер во Дортмунд!
Неколку клубови се интересираат за Џоб Белингем по неговите одлични партии за Сандерленд кој се врати во Премиер лигата.
Тој преферира трансфер во Борусија Дортмунд. Тоа е клубот каде се пресели и неговиот брат, далеку пославниот Џуд Белингем кога ја напушташе Англија.
Сандерленд во моментов не сака да се раздели со Белингем и нема намера да преговара. Според нив фудбалерот може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.
Фото: X/Sunderlend