
Ги одби Арсенал, Њукасл и Тотнем за да потпише со Јунајтед
Камерунецот треба да биде решение за проблемите во реализацијата кои ги имаа „ѓаволите“ откако како неуспешни се покажаа трансферие на Хојлунд и Зиркзе. За да се пресели во Јунајтед, Мбеумо веќе ги одби понудите од Арсенал, Њукасл и Тотнем иако овие три екипи претстојната сезона ќе учествуваат во Лигата на шампионите, за разлика од тимот од Манчестер.
Мбеумо влезе во последната година од договорот со Брентфорд, но клубот има опција да ја продолжи соработката со него на уште 12 месеци. Напаѓачот имаше добра сезона, постигна 20 гола во Премиер лигата, а се очекува Брентфорд за него да бара околу 60 милиони фунти.