
И Ернандез пред преселба во Саудиска Арабија - за плата од 18 милиони евра
Деталите од зделката треба наскоро да бидат договорени, но тиражниот италијански весник објавува дека од трансферот Милан најверојатно ќе добие 30 милиони евра, а годишната плата на искусниот бек ќе изнесува 18 милиони. Интересно е тоа што Ернандез неодамна срамежливо се спомнуваше како кандидат за трансфер во Реал, но до тоа очигледно нема да дојде.
Французинот е член на Милан од 2019 година и досега забележа 262 настапа за калчолигашот со кого има и една шампионска титула во Серија А. Претходно играше и за Реал, Сосиедад и Алавес.