Пеп не штеди: Манчестер сити ќе комплетира два трансфери за 100 милиони евра

Манчестер сити немаше најдобра сезона и поради тоа тренерот Пеп Гвардиола ова лето ќе троши многу пари за засилувања со цел да го врати гигантот на врвот во Премиер лигата.

„Граѓаните“ во моментов се блиску до потпис со Рајан Шерки од Олимпик Лион за 30 милиони евра, а наскоро се очекува комплетирање и на трансферот на Тијани Рејндерс за 70 милиони евра.

Шерки оваа сезона за Лион настапи на 41 меч во сите натпреварувања и постигна 12 голови и 20 асистенции, додека Рејндерс беше еден од најдобрите фудбалери во Серија А.

Фото: Facebook/Manchester City