УЕФА ќе исфрли премиерлигаш од Европа!?

Кристал Палас направи вистинско изненадување сезонава, откако го освои ФА-купот и се пласира во Лига Европа, меѓутоа лондонската екипа сега се соочува со сериозни проблеми.

Европската фудбалска унија (УЕФА) би можела да го исфрли Кристал Палас од натпреварувањето поради тоа што американскиот бизнисмен Џон Текстор, кој има 45 отсто од акциите, е акционер и во Лион кој се пласираше во истото европско натпреварување.

УЕФА забранува настап на две екипи кои се поврзани преку раководството, а тоа отвора шанса за пласман на Брајтон во елитното натпреварување доколку Кристал Палас не најде решение.

Екипата од Лондон веќе закажа итен состанок на кој ќе се разговара за следните чекори на клубот.

Фото: Instagram/europaleague