Хрватите го копираат „проектот“ ФК Даме Груев!

Пред десет години беше одржана промоција на фудбалскиот клуб ФК Даме Груев од скопско Волково, кој без разлика што почнуваше од најниската општинска лига презентира моќен план и програма кој предвидуваше настап во Лигата на шампионите (ЛШ) и тоа до 2020 година.

Тоа не само што не се случи туку клубот набрзо престана да постои, но легендата за ветувањата на Нелко Нелковски, кој беше претседател на клубот, по се изгледа почнала да се шири и во регионални рамки поради што деновиве во хрватска актуелен е слично (не)сериозен проект. Станува збор за клубот Марсонија, кој секако е со далеку поголема традиција од Даме Груев, но кој поради финансиски проблеми летово не доби лиценца за настап во Втората лига следната сезона и беше преселена во четврти ранг.

Но и покрај тоа, новиот претседател на клубот, Никола Мостаркиќ, најавува брзо враќање кон елитата на хрватскиот фудбал со презентација на 15 годишен план кој предводува титула, а со тоа и играње во ЛШ најдоцна до 2035 година. Тогаш составот од Славонски Брод би имал буџет од 22 милиони евра, кој до 2040 година ќе достигне и до 50 милиони евра.

Во меѓувреме, додека сонуваат за милиони, Марсонија е пред згаснување поради долг од 81.000 евра.

ФОТО: ФЕЈСБУК / Sportal