
Узбекистан првпат во историјата ќе игра на Светско првенство
На коло пред крајот на третата квалификациска фаза, Узбекистан се наоѓа на второто место на табелата со 18 бода. Прв е Иран со 20 и таа селекција исто така избори пласман на Мундијалот, како и Јапонија и Австралија од Азиската зона. За Узбекистан тоа ќе биде дебитантски настап на светските првенства, досега има девет учествува на Азискиот куп каде најдобар пласман му е четвртото место од 2011 година.
Досега се познати вкупно девет учесници на претстојното Светско првенство. Покрај четирите од Азија и трите ко-домаќини (Канада, Мексико и САД), на Мундијалот се знае дека ќе играат уште Аргентина и Нов Зеланд.