Охрид му парираше едно полувреме на Алкалоид, па се распадна во Автокоманда

Алкалоид го декласира Охрид со 33-24 во деветтото коло од плејофот во ракометната Суперлига и ја запиша петтата победа.

Двете екипи не беа многу ефикасни во првите 15 минути од средбата и постигнаа само осум погодоци (4-4), по што Алкалоид заигра за нијанса подобро од ривалот и на паузата замина со водство од 11-9.

Алкалоид тргна фуриозно во второто полувреме и ја полнеше мрежата на Охрид од минута во минута за по 10 минути во вториот дел да стигне до предност од 20-12.

Младите ракометари од Охрид не успеаја да фатат ритам во продолжение од средбата, па екипата од Автокоманда триумфира со 33-24.

Најефикасен кај Алкалоид беше Мартин Гарбески со осум голови, додека Винициус запиша девет погодоци за Охрид.