Последните подготовки направени, Македонија сака да ја изненади Белгија! (ФОТО)
Откако своите очекувања пред новинарите ги искажаа селекторот Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди, фудбалерите го одработија тренингот на кои се правеа последните подготовки за натпреварот со големиот фаворит.
Белгија во Скопје доаѓа како фаворит, меѓутоа Македонија многу пати покажала дека може да биде на највисоко ниво против силни селекции, па таква е желбата и сега.
За Белгија ова ќе биде прв натпревар во квалификациите, додека Македонија веќе одигра два во кои освоивме четири бода, три против Лихтенштајн и еден против Велс.