
Mилевски: Против Белгија мораме да функционираме како тим - само така имаме шанса!
Често пати Македонија проблеми во натпреварите кои се играат во јуни, но Милевски верува дека овој јуни ќе биде поинаков.
„Овој јунски период со години ни е проблематичен. Овојпат мораме да го смениме тој јунски менталитет и индивидуално и како тим. Тоа што го видов во изминатите седум дена ми дава за право да бидам оптимист дека овој јуни ќе биде поинаков. Во селекцијата има одлична енергија, одлична атмосфера и тоа е добар предуслов да го дадеме максимумот“, вели Милевски.
„Анализите се направени, не треба да се зборува за квалитетот на Белгија, тие со години наназад се во самиот врв. Ние покажавме дека знаеме да го дадеме максимумот и против такви тимови, за тоа да се случи треба да бидеме максимално подготвени“.
„Индивидуалниот квалитет на Белгија е на највисоко можно ниво, но Македонија ако функционира како тим, тоа е нашата најдобра страна и само така можеме да се надеваме на позитивен резултат. Сето останто е на страна на противникот, но јас сум убеден дека тимот е оној кој го носи позитивниот резултат“.
Кога е здравствениот билтен во прашање под знак прашалник се Алими, Димовски и Трапановски.
„Покрај повредите што ги имавме, сега под знак прашалник Алими, Димовски и Трапановски, но се надевам дека ќе бидат подготвени за утрешниот меч“.
Натпреварот против Белгија го играме во терминот од 20:45 часот, додека три дена подоцна ќе гостуваме на Казахстан.