Шпанците немилосрдни - веќе четири гола во мрежата на Франција (ВИДЕО)

Не е поминат ни еден час игра, а Шпанија веќе води со 4-1 во дуелот со Франција, во полуфиналето од Лигата на нации.

Ако првите два гол беа постигнати во период од четири минути, за другите два на „фуријата“ ѝ беа потребни околу 60 секунди. Во 54. минута Јамал погоди од пенал, а минута подоцна неговиот соиграч од Барселона донесе огромно водство за Шпанците. На истекот на првиот час игра Франција ја намали негативата со голот од пенал на Мбапе.

Јасно е дека актуелниот европски шампион ќе игра во финалето од Лигата на нации, а единствената дилема во моментов е со каков резултат ќе заврши мечот.