Страшни клетви поради загубен меч: Првото дете да ти се роди мртво (ВИДЕО)

Американската тенисерка Џесика Пегула доби неверојатни навреди и клетви откако доживеа сензационален пораз од Лоис Боасон во осминафиналето на „Ролан Гарос“.

Пегула е трета на ВТА листата, а Боасон пред овој турнир се наоѓаше на 361. место поради што обложувачите очекуваа сигурна заработка. Тоа не се случи, па својот гнев го истурија на социјалните мрежи каде ја колнеа Американката, а таа направи компилација од навредите и јавно ги објави.

„Ти си најбескорисна тенисерка во топ-10 на сите времиња“, „Канто со ѓубре“, „Ќе умреш“, „Пензионирај се веќе еднаш и уживај во парите на татко ти“, а најстрашна беше клетвата „Се надевам дека првото дете ќе ти се роди мртво“.

Секако, ова не е прв ваков случај, особено во светот на тенисот каде поради тоа што се работи за индивидуален спорт, навредите и клетви добиваат лично директните учесници.