
РК Охрид „улови“ капиталец – потпиша со најдобриот дефанзивец во Шпанија!
Станува збор за 31-годишен ракометар, кој доаѓа од екипата на Гранолерс каде што имаше одлична сезона и на домашен и на европски план, настапувајќи во Европската лига. Дека станува збор за врвен специјалист за одбрана го потврдува изборот за најдобар дефанзивец во шпанската Асобал лига за туку што завршената сезона. Моралес шест сезони има играно за Барселона, со која настапуваше и во Лигата на шампионите. Покрај тоа, има две сезони во францускиот шампионат со тимот на Пау Аикс, каде повторно играше во Европската лига.
На репрезентативен план има настапи за сите младински селекции на Шпанија, вклучително и освојување на бронзен медал на Европското првенство У21 во сезоната 2014/2015. Моралес има и неколку настапи за сениорскиот тим на Шпанија на пријателски натпревари и на турнир во Катар, како и повици во поширокиот состав на „црвената фурија“.