Работнички има нов голман – поранешен младинец на Вардар и Ц. Звезда!

Фудбалскиот клуб Работнички од денеска има нов голман и тоа 21-годишниот Васко Василев, кој потпиша тригодишен договор со тимот.

Тој доаѓа како слободен играч, откако претходно се раздели со екипата на Гостивар, која по административна одлука беше исфрлена во најнизок ранг на натпреварување.

Младиот голман минатата сезона бранеше на 17 натпревари, од кои на дури десет не прими гол. Неговата кариера ги вклучува настап во младинските категории на неколку познати клубови – Вардар, Црвена Звезда, како и на португалскиот Рио Аве.