Сензација на Ролан Гарос: 361. тенисерка во светот ќе игра полуфинале!

Французинката Лоис Боасон направи сензација на Ролан Гарос и ја елиминира Мира Андреева во борбата за полуфинале на гренслем-турнирот.

Двете тенисерки водеа голема борба во првиот сет, кој се решаваше во тај-брејк каде што по еден час и 21 минута игра Боасон славеше со 8-6.

Андреева добро тргна во вториот сет и водеше со 3-0, но потоа Боасон влезе во одлична серија и со три брејка по ред направи пресврт за 6-3.

Боасон за финале на Ролан Гарос ќе се бори против Американката Коко Гоф.

Фото: EPA PHOTO