
Челси е далеку од договор со Милан - сакал да им го земе голманот за џабе!
Мењан има соработка со „росонерите“ до јуни 2026 година и поради тоа Челси сакаше да ја искористи ситуацијата за да плати само 10 милиони евра за трансферот.
Милан, сепак, не попушта во преговорите и смета дека нивниот голман вреди 30 милиони евра, иако има договор на уште една сезона.
Челси нема да инсистира во преговорите со Мењан и ќе ја чека конечната одлука на Милан до понеделник зашто веќе има четири квалитетни голмани, а тоа се Санчез, Петровиќ, Јоргенсен и Пендерс.
Фото: Facebook/AC Milan