
Динамо Загреб по Канаваро се реши да ангажира тренер – анонимус!
Тој меѓу „модрите“ доаѓа од клупата на Славен Белупо, каде што имаше успешна сезона – го одведе тимот до финалето на Купот на Хрватска и заврши на петтото место во првенството, оставајќи впечаток со офанзивен и тактички дисциплиниран фудбал.
„Благодарен сум на Динамо за укажаната доверба. Знам што значи да се биде тренер на најтрофејниот хрватски клуб. Верувам во себе и во тимот, и покрај сите сомнежи кои секогаш го следат фудбалот. Ќе дадам сè од себе Динамо да игра модерен и атрактивен фудбал“, изјави Ковачевиќ по потпишувањето на договорот.
Поранешен играч од средниот ред, Ковачевиќ ја започнал својата кариера во Сараево, а поради војната се преселил во Хрватска, каде што играл за неколку клубови, меѓу кои Вартекс, Белишче и Славен Белупо. Настапувал и во Словенија (Нафта Лендава) и Албанија (Динамо Тирана). Како тренер, своите први чекори ги направи во 2014 година со Меѓумурје, по што ги водеше и Вараждин, Полет, Подравина и повторно Меѓумурје и Вараждин, пред да се истакне на клупата на Славен Белупо.