
Избран тимот на сезоната во ЛШ - седуммина се од ПСЖ
Титулата ја освои ПСЖ, но сепак изненадување е тоа што дури седуммина се од редовите на францускиот првак: голманот Донарума, потоа Нуњо Мендес, Маркињос, Хакими, Витиња, Дуе и Дембеле. Од Барса има двајца (Јамал и Маркињос), а останатите двајца се Бастони од Интер и Рајс од Арсенал.
Можеби мало изненадување е тоа што го нема најдобриот стрелец во Лигата на шампионите (заедно со Рафиња) Гираси од Борусија Дортмунд, но секако Дембеле и Дуе заслужија место меѓу најдобрите.