Доминација на Мекларен: Пјастри и Норис беа побрзи конкуренцијата во Шпанија

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри триумфира на трката за Големата награда на Шпанија, додека зад него заврши тимскиот колега Ландо Норис.

Пјастри и Норис од Мекларен повторно имаа неверојатен викенд во Ф1 и така зад себе ја оставија конкуренцијата. На третата позиција заврши Шарл Леклер од Ферари, додека четврти беше Џорџ Расел, а во топ-5 имаше место и за актуелниот првак Макс Ферстапен.

По нив следеа Нико Хулкенберг како големо изненадување на шестата позиција, а потоа следат Луис Хамилтон, Хаџар, Гасли и Алонсо.