Митјиланд го шокира Нотингем Форест, Лион извлече реми во Виго (ВИДЕО)

Данскиот прволигаш Митјиланд приреди мало изненадување откако вечерва го победи Нотингем Форест како гостин со 1-0, во првиот осминафинален натпревар од Лигата Европа.

Иако не му цветаат рози во домашното првенство, се очекуваше премиерлигашот да дојде до победа вечерва и да се обиде да ја продолжи својата европска одисеја, но сето тоа ќе оди многу потешко по денешниот пораз. И покрај тоа што фудбалерите на Нотингем Форест упатија 22 шута, не успеаја да го најдат патот до мрежата на гостите.

Данците не беа толку опасни, но сепак дојдоа до победнички гол во еден од своите ретки напади. Херој е Чо кој погоди во 80. минута, на асистенција на Диао.

Мошне интересно беше во Виго каде Селта и Лион одиграа без победник (1-1). Селта ги имаше работите во свои раце откако во 25. минута поведе преку Руеда. Сепак, се се смени на почетокот од второто полувреме кога Борха Иглесијас доби втор жолт и автоматски црвен картон, па Селта остана со фудбалер помалку. Лион го искористи тоа за преки Ендрик во 87. минута да дојде до израмнување пред реваншот на домашен терен.

Идната недела на Жерлан, покрај Борха Иглесијас, нема да игра ни Оскар Мингеза кој доби втор жолт картон.

РЕЗУЛТАТИ
Селта - Лион 1-1
Ференцварош - Брага 2-0
Генк - Фрајбург 1-0
Нотингем Форест - Митјиланд 0-1