Охрид е подготвен за спектакл: Комити и Чкембари пристигнуваат во голема бројка!

Куп финалето помеѓу Пелистер и Вардар во „Билјанини Извори“ денеска ќе биде вистински спектакл со голема бројка на навивачи и од двете страни.

Организаторите на неколку часа пред почетокот објавија дека се останати само уште 250 билети, а билетарата пред салата ќе биде отворена во 14:30 часот, вратите за влез на дербито ќе бидат затворен половина час пред почетокот во 17:00 часот.

За натпреварот пристигнуваат многу навивачи од Битола и конвој „Комити“ од Скопје. Натпреварот ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.