Додека сите го чекаат Делап, Челси промовира друго засилување!

Лондонскиот гигант Челси ова лето планира да се засили со неколку фудбалери, а еден од нив е Дарио Есуго кој доаѓа од редовите на Спортинг Лисабон за 18 милиони фунти.

Додека навивачите на Челси се во исчекување за официјална потврда на трансферот на новиот напаѓач Лијам Делап, „сините“ изненадија со ангажирање на друг млад фудбалер.

Португалскиот фудбалер доаѓа од редовите на Спортинг и се очекува да биде замена за Мојсес Каиседо и Ромео Лавиа.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club