
Флорентино Перез „со финта“ ќе му донесе на Реал над 20 милиони евра
Покрај неколку влезни трансфери кои што се планираат летово, Перез планира и еден излезе, но за да го реализира тоа, ќе искористи една финта. Во центарот на вниманието е младиот Нико Паз кого лани Реал го продаде на Комо за шест милиони евра, со можност да го врати летово за осум милиони.
Неодамна Баер Леверкузен го назначи Паз за можен наследник на Флоријан Вирц кој е на излезна врата од клубот и тоа му отвори можност на Флорентино Перез за нова заработка. Тој сега ќе го врати назад Паз за осум милиони евра, а потоа ќе го продаде на Реал за 30 милиони. Така и Комо ќе извлече минимална заработка, а за Баер не е проблем да ја плати бараната сума затоа што од Вирц ќе заработи над 100 милиони евра.