
Трапановски: Имаме почит кон секого, но мотивацијата е на највисоко ниво
Трапановски смета дека ако имаат добра тактичка подготвеност, тогаш можат да ѝ парираат на Белгија која ќе биде фаворит во пресметката.
„Мислам дека мотивацијата е на највисоко ниво. Тоа што сме тука не значи дека за нас е завршена сезоната. Ова за нас се последни натпревари од оваа сезона. Подготвени сме, имаме почит кон секого, но мотивацијата е на високо ниво и се надевам дека ќе имаме добар пристап со Белгија и Казахстан. Мислам дека имаат добри фудбалери, но ако сме тактички подготвени, тогаш може да им парираме. Тактичкиот дел ќе биде најважен, а исто така не треба да се трошат зборови за квалитетот на Белгија. Имав добар сезона, иако имав неколку повреди, но подготвен сум да го дадам најдоброто“, кажа Трапановски.
Македонија е на делба на првата позиција во групата Ј со Велс со по четири бодови по две одиграни кола.