
Есбјерг го совлада Мец во „малото финале“ во ЛШ
Француската екипа имаше подобар почеток на дуелот, меѓутоа Есбјерг на паузата замина со 17-16. Големата борба продолжи во второто полувреме, каде што ракометарките на данскиот тим триумфираа со 30-27.
Најдобра во победничкиот состав беше Хени Рајстад со осум голови, додека Буктит стрелаше шест пати за Мец.
Во финалето на женската ЛШ ќе се соочат Ѓер и Оденсе од 18 часот.
Фото: EPA PHOTO