Судиите Кркачев и Колевски се повлекуваат: Не можеме да трпиме неправда и понижување!

Македонските судии Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски со драматично писмо до медиумите и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопштија дека се повлекуваат од терените.

Кркачев и Колевски наведуваат дека повеќе не можат да трпат неправди, притисоци и понижувања и поради тоа е најдобро да се простат од кариерите. 

„Почитувани, Поради сите актуелни заткулисни игри, исполнување на желби на сите клубови, константно понижување на судиската фела, а посебно на нас како долгогодишна судиска двојка која зад себе има незанемарлив број на меѓународни натпревари и европски првенства, а да не збориме колку дерби натпревари што ги решавале првенствата и куповите на Македонија. Не можејќи веќе да трпиме неправди и понижување во нешто што пола живот имаме вложено со срце и љубов, решивме неотповикливо да се повлечеме и да ставиме крај на нашите кариери, несакајќи да допринесуваме и учествуваме во нешто што веќе не личи на спорт и далеку е од фер плеј. Со почит, Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо“, пишува во соопштението испратено до медиумите и до РФМ.