
Сѐ е договорено: Сари се враќа во Лацио
Такво нешто беше најавувано последната недела, но денеска, наводно, се е договорено и се очекува само официјализација на целата работа. Сари го водеше Лацио од јуни 2021 до март 2024 година, на клупата помина 139 натпревари со 67 победи, 30 нерешени резултати и 42 пораза. Најголем успех му беше второто место во 2023 година со што обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Италијанците тврдат дека Сари сега ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една.