Тензија во дербито: Лазаревски го турна Атансијевиќ - Хосни збесна! (ВИДЕО)

Во Охрид денеска се игра дербито помеѓу Пелистер и Вардар од финалето во Купот на Македонија, а уште во 13-тата минута од средбата дојде до инцидент на теренот кој започна со еден дуел на Лазаревски и Атанасијевиќ.

Ракометарот на Вардар во желба да дојде до подобра позиција го турна Атансијевиќ за потоа да реагира Хосни со што настана и турканица помеѓу останатите. Набрзо ситуацијата беше решена без посериозен инцидент.

Турканицата настана и токму во моментот кога Комити влегоа на трибината.