Кузмановски: Нема психолошка исцрпеност пред 7.000 публика - само мотивација

Филип Кузмановски повторно се очекува да биде еден од лидерите на Македонија против Чешка. Нашиот бек очекувано уште еден тежок натпревар на реваншот во Скопје во недела. 

Во Злин испуштивме победа во последните 10 минути од средбата, но тука сега ќе биде и подршката од публиката, која знае како да направи пеколна атмосфера за противниците. 

„Бевме максимално подготвени за Чешка, мислам дека не нè изненадија со ништо. Имавме кратко време да се подготвиме, но покажавме таму дека можеме да играме со нив, и во во првото и во второто полувреме, особено во одбраната, што беше една од нашите задачи, исто како и од полуконтра да направиме разлика. Можеби се изненадивме дека водевме седум разлика. Се опуштивме, на крајот ни беше криво. Сега имаме шанса. Да ни го понудија ремито пред натпревар ќе го прифатевме. Но тука, не очекува тежок натпревар, ќе анализираме нема да биде лесно, со нашата публика ќе имаме голема мотивација и ќе се избориме за пласман на Светското првенство“, вели Кузмановски.

Нашиот репрезентативец смета дека домашниот терен не му носи на тимот притисок туку само мотивација. 

„Кога ќе играш пред 7000 гледачи, не постои психолошка исцрпеност, мотивацијата е уште поголема. Поквалитетни сме од Чешка, кога ќе видиме на секоја позиција, но тоа мораме да го покажеме на терен. Имаме уште два дена, добро ќе анализираме и се надевам на победа“, завршува средниот бек.