Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за ЕП 2024

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список со ракометарки за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември.

На списокот на Грчевски се наоѓаат 35 ракометарки, меѓу кои 14 кои настапуваат во странство и 21 кои играат во македонската лига.

Македонија се наоѓа во групата А заедно со селекциите на Шведска, Унгарија и Турција, а натпреварите се играат во Дебрецин.