Вардар жестоко казнет за навредливата парола кон Талант Душебаев!

Македонскиот ракометен шампион Вардар доби казна од 15.000 евра од Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради навредливата парола кон тренерот на полски Кјелце, Талант Душебаев за време на дерби мечот во СЦ „Јане Сандански“ пред крајот на минатата година.

Дел од гледачите на Вардар го дочекаа легендарниот Душебаев со парола „Талант петух“ (Талант пе*ер), што го изнервира темпераментниот тренер. Дисциплинската комисија на ЕХФ го казни Вардар, затоа што црвено-црните не направиле ништо за да го отстранат истиот.

„Паролата е навреда директно насочена кон дигнитетот и приватноста на Талант Душебаев, без притоа да се навлегува во сексуалната ориентација, ова е акт на хомофобија. Содржината на паролата ги нарушува сите принципи на спортот. Вардар не направи ништо за истиот да биде отстранет, не направи ништо за да обезбеди фер услови и почитување на противникот, па тие ја толерираа навредливата и хомофобична парола во текот на целиот меч“, стои во образложението на ЕХФ.

Вардар им седум дена да се жали на оваа одлука.