Вардар со комбиниран тим ја прегази Струга и пак е привремен лидер на табелата!

Ракометарите на Вардар без никакви проблеми дојдоа до триумф на денешното гостување кај Струга (36-15) во меч од 11. коло од плејоф-фазата од домашното првенство.

Тренерот на црвено-црните, Владо Недановски, им даде шанса на сите свои ракометари, кои често ги ротираше. Марио Стојановски и Немања Гојковиќ со по пет гола беа најпрецизни кај Вардар, а по четири дадоа Ќосевски и Лазаревски, додека Мерис Бошњак со седум погодоци во таборот на Струга.

Црвено-црните сега повторно е лидер на табелата со 30 бодови, еден повеќе од Пелистер, кој има меч помалку и тоа задутрешното гостување кај Пролет.