Панатинаикос е втор учесник на завршниот турнир во Евролигата

Кошаркарите на Панатинаикос триумфираа против Макаби Тел Авив со 81-72 во „мајсторката“ и обезбедија место на завршниот турнир во Евролигата.

Натпреварот беше неизвесен сè до последната четвртина каде што Панатинаикос направи исчекор кон победата и не му дозволи на Макаби да се врати во игра, иако израелскиот тим во еден момент намали на шест поени негатива (67-73).

Најефикасен во победничкиот тим беше Нан со 26 поени, пет скокови и четири асистенции, додека Браун постигна 19 поени, четири скока и седум асистенции за Макаби.