Maкедонија вечерва против првиот фаворит во групата сака излез од кризата!
За Македонија ова ќе биде последен натпревар во овој репрезентативен прозорец во кој досега ги загубивме сите три дуели со Швајцарија дома, Словенија и Шкотска. Освен што не победивме и не прикажавме премногу во овие средби.
Селекторот Гоце Седлоски правеше промени во стартниот состав, а најави дека ќе ги има и за вечерашниот дуел против првиот фаворит во групата. Швајцарија славеше на сите три средби и во нив постигна осум гола, а прими само еден, па така јасно е дека и вечерва ќе имаме тешка задача за да дојдеме до позитивен резултат и да ја прекинеме црната серија без гол која трае седум натпревари.
„Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме еден добар натпревар за нас и да се израдуваме по поразите кои ги имавме.
Критиките нека одат кон мене, а играчите да добијат поддршка. Потребна им е во овој момент. Здравствениот билтен е добар, немаме повредени, сите се во тренажен процес и се спремни за мечот. Мотивацијата треба да дојде сама по себе, полн стадион, вакви големи натпревари, треба да ја носат играчите во себе“, изјави Седлоски на вчерашната прес-конференција.
Езѓан Алиоски според најавите, иако ги пропушти досегашните три натпревари за вечерва би требало да биде подготвен за настап.