Фудбалерите до 18 години ѝ се реваншираа на Црна Гора
Црна Гора пред два дена славеше со идентичен резултат, но денеска нашата селекција успеа да се израдува на победата.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 60-тата минута кога стрелаше Васко Папалиски. Нашите фудбалери пропуштија и уште неколку прилики за поубедлив триумф.
Селекторот Колев изрази задоволство од победата.
„Задоволен сум од победата, особено ако се има предвид против кого игравме. Црна Гора е селекција која во последниот период покажа квалитет и успеа да се пласира на големо натпреварување. Ние во овој натпревар бевме и без неколкумина стандардни фудбалери од оваа генерација, кои во моментов настапуваат за повозрасните репрезентативни селекции. Тоа значи дека дадовме можност на други момци да покажат што знаат и мислам дека добро ја искористија шансата. Бевме дисциплинирани, борбени и во клучните моменти реагиравме добро. Секако, има работи на кои треба да работиме и да ги подобруваме, но ваква победа против силен противник е добар показател и дополнителен мотив за оваа генерација.“