Ѓоковиќ не губи во Пекинг - со нова титула ја продолжи доминацијата! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ дојде по пауза од 11 месеци дојде до нова титула вкупно 102. во кариерата и тоа на неговото омилено место во Пекинг каде што не знае за пораз во 34 одиграни мечеви.

Српскиот тенисер одлично играше во текот на целиот турнир, а денеска победи откако Де Минор го предаде мечот при резултат 1-0 во сетови за Ѓоковиќ.

Во првиот сет двата тенисери беа сигурни на својот сервис, па се решаваше во тај-брејк. Таму Ѓоковиќ беше подобар со 7-3. Веднаш потоа дојде до необична ситуација во која двајцата тенисери побараа медицински тајм-аут.

Но, очигледно проблемите на Австралиецот беа поголеми затоа што по само еден гем кој го освои одлучи да го предаде финалето. Ќе потсетиме, Ѓоковиќ и вчера не го одигра својот меч до крајот бидејќи повторно во моменти кога имаше предност дуелот со Медведев се прекина откако Русинот беше дисквалификуван.

За Новак ова е седма титула на турнирот во Пекинг каде што претходно последен пат играше во 2015 година.