Митревски пред Фарски: Ја гледам Македонија како игра на СП 2025!

Македонската ракометна репрезентација утре ќе се соочи против Фарски Острови во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2025 година.

Голманот Никола Митревски е убеден дека Фарски Острови нема да ја запрат македонската селекција на патот кон уште едно големо натпреварување.

„Мора да бидеме максимално подготвени и фокусирани во текот на целиот натпревар против Фарски Острови. Јас ја гледам Македонија како игра на СП 2025“, кажа Митревски.

Натпреварот меѓу Фарски Острови и Македонија е закажан за утре во Торшавн од 20 часот.