Хаос пред вечното дерби во Белград: Нанели му го раскрваве лицето на Лазаревиќ (ФОТО)

Сериозен инцидент се случи пред третиот меч меѓу Партизан и Црвена Звезда, кога Стефан Лазаревиќ бил нападнат од страна на Џејмс Нанели.

Српските медиуми пишуваат дека Лазаревиќ сакал да го праша Нанели зошто го давел за време на вториот меч меѓу ривалите, по што Американецот се изнервирал и му го раскрвавел лицето.

„Црвена Звезда го осудува овој потег, а поради сериозната повреда очекуваме реакција од полицијата, но и судот“, велат од екипата на Лазаревиќ.