Американски фудбалер од НФЛ пронајден мртов – имаше само 28 години!

Поранешниот НФЛ фудбалер, Кори Канингам (28) вчера е пронајден мртов во својот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според нив, станува збор за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад. Канингам настапуваше за колеџот Синсинати, а потоа беше член на Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде беше ангажиран само како тренер, од каде доби отказ во јануари минатата година.

Од фудбалерот прв се збогува поранешниот клуб Њујорк Џајантс.

„Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите“, се вели во соопштението на клубот

Канингам во последните неколку месеци се обидувал да се пробие во светот на бизнисот и бил регистриран како агент во локална логистичка компанија во Њу Џерси.