„Да можев, ќе ги тргнев сите столчиња на стадионот за - подобра атмосфера“

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи вели дека атмосферата на „Паркот на Принцовите“ може да биде клучна за патникот во финалето.

Тој вели дека да се прашува он, би ги тргнал сите столчиња од стадионот, дури и неговото, за атмосферата да биде подобра.

„Атмосферата на стадионот ќе биде многу важна. Убедени сме дека можеме до победа бидејќи играме пред нашата публика, таа ќе биде нашиот 12. играч. Во полуфиналето е важен секој детаљ, а навивачите се голем дел од тоа. Да можам, би ги тргнал сите столчиња на стадионот, дури и своето за атмосферата да биде неверојатна. Играчите се фокусирани, но не премногу самоуверени. Не е добро премногу да си самоуверен. Не смееме да заборавиме дека ова е најмладата екипа во полуфиналето“, изјави Ал Келаифи.