Фудбалер во Аргентина со 1,84 промили алкохол удрил во бензинска, работникот едвај се спасил!

23-годишниот фудбалер Тијаго Паласиос под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во која најдебелиот крај го извлекол работникот на бензинска пумпа.

Неколку часа откако со својот Естудијантес де ла Плата го освои аргентинскиот лига куп, Паласиос со 1,84 промили алкохол седнал зад волан и направил сообраќајка во Буенос Аирес.

Уругвајскиот фудбалер се забил во бензинска пумпа и го повредил работникот кој бил присутен таму. Паласиос се извлекол неповреден, а на работникот му биле повредени двете нозе по што со брза помош бил пренесен во болница.

Според полицискиот извештај, работникот не бил повреден од удар од возилото туку при обидот да избега од ударот.